НАРАВОУЧЕНИЕ ПО ПОРАЗОТ НА СДСМ Пркосот не се казнува, а лошата реалност е подобра од лажните ветувања, вели Ана Павловска Данева
Нов бунар копај, во стариот не плукај, пркосот и критиката не се казнуваат, се анализираат причините за нивна појава, не смее да постои начин, причина или аргумент за менување на националната историја на еден народ!..., пишува Павловска Данева, професорка на Правниот факултет.
Ана Павловска Данева, професорка на Правниот факултет по поразот на СДСМ во првиот круг на локалните избори на Фејсбук напиша „наравоучение“:
1. Нов бунар копај, во стариот не плукај!
2. Пркосот и критиката не се казнуваат, се анализираат причините за нивна појава!
3. Не смее да постои начин, причина или аргумент за менување на националната историја на еден народ!
4. Политичка одговорност кога постои мора да се прифати, таа не се сокрива и игнорира!
5. Реформи не се спроведуваат насилно и ad hoc!
6. Се почитува туѓото мислење и кога е различно од сопственото!
7. Лошата реалност е подобра од лажните ветувања!