НАРАЧКИ ОД ПАРТИСКИ БОТОВИ ЈА ТРЕСЕЛЕ ЛДП Зајкова демантира дека „прелетува“ во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателката на ЛДП беше дел од Коалицијата за Европска Македонија и како коносител во ИЕ1 освои пратеничко место во следниот парламентарен состав.

2,551

Лидерката на ЛДП Моника Зајкова демантира дека ќе се приклучи на парламентарното мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ со цел да стигнат до 61 пратеник и апсолутно мнозинство.

За пишувањата на социјалните мрежи и кај одреден дел од медиумите, таа вели дека се „нарачки од партиски ботови“.






– Имаше такви кои агитираа и работеа против сопствената партија и денес прават повторно притисок. Нашата цел и насоченост во моментот е прегласувањето во ИЕ 5 каде има 3.521 избирач. Големи шанси за мандат има и кандидатот од ЛДП, доколку неговата коалиција освои 110 гласови повеќе од сегашниот резултат, тогаш пратеник би станал Боби Мојсоски, а би отпаднал Исмаил Јахоски од ДУИ. Затоа и повикувам да се воздржат од шпекулации и во среда да се гласа за број 1 – порачува Зајкова во изјава за Локално.

Таа додава дека како ЛДП сериозно разговараат во општинските организации и дека како и досега ќе бидат конструктивна партија која секогаш има свој став и препознатливост согласно либерално деморкатските вредности.

– Очекуваме и власта и опозицијата да не тераат гол популизам и да има штзаедниво кога се работи за подобар живот и просперитет на секој од нас како граѓанин – децидна е Зајкова.

Претседателката на ЛДП беше дел од Коалицијата за Европска Македонија и како коносител во ИЕ1 освои пратеничко место во следниот парламентарен состав.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера објави дека успешно консолидирале 61 пратеник, без дополнителни детали од каде ќе се присоединат потребните три, покрај автентичните 58 пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, освоени на изборите на 8 мај.

Поврзани содржини