НАРАЧКА ФРУТИ ДИ МАРЕ ОД 8.600 ДЕНАРИ Советниците на СДСМ на сметка на Градот се гоштевале со скапи јадења (ВИДЕО)

Според наведеното во барањето за одобрување средства за репрезентација, лицето Владимир Симоновски, командант на противпожарната бригада, навел дека репрезентациите се искористени за гости од странство при промоција на скалата возило - наведе Митева

923

Советниците на СДСМ на сметка на Градот Скопје за време на локалните избори советниците и припадници на противпожарната бригада се гоштевале по ресторани. Се нарачувале бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони, специјална нарачка фрути ди маре во вредност од 8.600 денари, истакна на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Според наведеното во барањето за одобрување средства за репрезентација, лицето Владимир Симоновски, командант на противпожарната бригада, навел дека репрезентациите се искористени за гости од странство при промоција на скалата возило – наведе Митева и потсети дека на социјалните мрежи се ширеле шпекулации оти во кризните моменти кога Македонија ја зафатија пожари на одмор бил и командирот на скопската противпожарна бригада.






Партиската портпаролка ја спомена и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, која, како што рече, за време на кампањата за локални избори, на 22 октомври, од сметка на градот потрошила 39.700 денари за репрезентација во еден ексклузивен угостителски објект на кејот на Вардар.

– Оттука, сосема јасно е зошто Македонија се наоѓа на 87. место на извештајот на ‘Транспаренси интернешнал’. Владата на СДСМ и на локално ниво изминативе 4 години беше дел од голем број скандали, сомнителни јавни набавки и тендери во четири очи, коруптивни зделки и злоупотреба на јавната функција – обвини Митева.

Поврзани содржини