НАРАЧАЛ УБИСТВО, ОСТАНАЛ И БЕЗ БИТКОИНИ И БЕЗ „УСЛУГА“ Момче изнајмило лажен платен убиец, па завршило во затвор
Осомничениот, наводно, платил илјадниции евра за најмување платен убиец од лажна интернет-страница. Момчето било уапсено во април, а Обвинителството во Берлин сега објави дека тоа е обвинето за обид за поттикнување убиство.
Германските власти уапсија 28-годишен млад човек кој преку интернет-подземјето се обидел да изнајми платен убиец заради убиство на партнерката на жената во која бил вљубен.
Осомничениот, наводно, платил илјадниции евра за најмување платен убиец од лажна интернет-страница. Момчето било уапсено во април, а Обвинителството во Берлин сега објави дека тоа е обвинето за обид за поттикнување убиство.
Според обвинителите, осомничениот признал дека убиството требало да изгледа како несреќа – како сообраќајка или грабеж. Тој првично понудил 9.000 евра, но во биткоин. Тој рекол дека потоа му било кажано да плати повеќе пари за вториот убиец, бидејќи, како што му рекле – првиот бил уапсен. Младиот човек се согласил и платил вкупно 24.000 евра во биткоин.
Убиствата не се случиле, бидејќи страницата за платени убиства е неверодостојна. Така, подоцна младиот човек дознал дека се работи за измама и дека парите нема да му бидат вратени.
Администраторот на „подземната“ страница дури и му кажал на осомничениот дека може да се претставува и тој како платен убиец и да измами други потенцијални „корисници“, велат обвинителите.