НАПУШТЕТЕ ЈА СИРИЈА НАЈБРЗО ШТО МОЖЕТЕ Апел на МНР до македонските државјани

398

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги повикува сите македонски државјани кои се наоѓаат во Сирија да ја напуштат земјата во прва можна прилика. Исто така се апелира и да се одложат сите патувања кон таа држава.

„Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.






Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на македонските државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија +389  75 268 736 или меил адреса: [email protected].

Поврзани содржини