НАПРАВИВМЕ НЕБРОЕНИ ГРЕШКИ Лазаров вели дека дошло до психолошка блокада кај играчите

Сега ни претстои уште еден натпревар на ова Европско првенство и тој натпревар сакам моите ракометари да го одиграат релаксирано и да уживаат во него, рече Лазаров. 

559

Селекторот Кирил Лазаров истакна по вечерашниот натпревар против Црна Гора на Европското првенство во Дебрецин дека поразот на македонската репрезентација е апсолутно заслужен и се темели на големиот број технички грешки во редовите на „црвено – жолтите“.

– Направивме толку многу грешки, што не можевме ниту да ги изброиме. Едноставно сè се случуваше како на филм. Играчи, кои играат во силни клубови, кои имаат клучни улоги не смеат да си дозволат такво нешто. Без разлика дали е добра стратегијата или не, или си играч или не, тоа го решаваш на терен. Ние сме тука да ги подготвиме, но играчите се тие што одлучуваат на самиот терен. Кај дојде до една психолошка блокада, каде што бевме речиси немоќни. Очигледно е дека имаше голем притисок кај играчите, откако работата не тргна на добро. Евидентно е дека треба да учиме уште многу. Црногорците подобро се приспособија од нас, а ние игравме брзоплето -изјави Лазаров.






Селекторот ја пофали големата поддршка која неговите ракометари ја имаа од трибините во салата „Феникс“ во Дебрецин, и наведе дека му е жал за навивачите

– Сега ни претстои уште еден натпревар на ова Европско првенство и тој натпревар сакам моите ракометари да го одиграат релаксирано и да уживаат во него – додаде Лазаров.

Поврзани содржини