НАПРАВИЛЕ ЗАСТРАШУВАЧКИ СНИМКИ Ловци на урагани влегле во центарот на Ида (ВИДЕО)
Ураганот Ида е многу разорна бура од четврта категорија, која доби значителна сила додека се движеше низ Мексиканскиот Залив. Брзината на ветерот е 240 километри на час, објави Националниот центар за урагани.
Во државите Луизијана, Алабама и Мисисипи во САД е прогласена вонредна состојба, а милиони луѓе сѐ уште се обидуваат да се евакуираат, иако ураганот Ида стигна до брегот.
Авион на Националната администрација за океани и атмосфера на САД рано наутро во неделата влезе во самиот центар на ураганот за да ја испита неговата сила.
Вака изгледа летот до центарот на ураганот ИДА:
Stunning video taken from inside the eye of #Ida this morning by the NESDIS Ocean Winds Research team during a flight on the @NOAA_HurrHunter P3 aircraft @NOAASatellites pic.twitter.com/sjt970Yeiq
— National Hurricane Center (@NHC_Atlantic) August 29, 2021
Ураганот Ида е многу разорна бура од четврта категорија, која доби значителна сила додека се движеше низ Мексиканскиот Залив. Брзината на ветерот е 240 километри на час, објави Националниот центар за урагани.
Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на катастрофа во Луизијана и нареди да се обезбеди федерална помош за областите погодени од ураганот Ида, објави Белата куќа.
Според Си-Ен-Ен, најмалку едно лице загина, а многу делови од Лусијана останаа без електрична енергија. Многумина бараат помош и спасување затоа што нивните домови се опкружени со вода. Постои опасност од поројни поплави.