НАПРАВИЛА ЗИГХАЈЛ ВО АУШВИЦ Холанѓанка парично казнета поради „лоша шега“
Ова не е првпат странци да се приведуваат поради промовирање нацистичка пропаганда во Полска – обвинение кое може да носи до две години затвор. Во 2013 година, двајца турски студенти беа осудени на по шест месеци затвор, суспендирани на три години и парична казна за сличен нацистички поздрав во Аушвиц.
Холандска туристка решила да се пошегува и да го направи нацистичкиот поздрав Sieg Heil пред портите на некогашниот озлогласен логор на смртта Аушвиц, во денешна Полска. Таа позирала за фотографија која ја правел нејзиниот сопруг токму пред влезот на логорот, каде стои познатиот натпис „Работата ве ослободува“.
Полските власти парично ја казниле 29-годишната Холанѓанка, а таа се согласила да плати. Ја обвиниле дека шири нацистичка пропаганда, а таа изјавила дека чинот бил лоша шега, пишува Би-Би-Си.
Ова не е првпат странци да се приведуваат поради промовирање нацистичка пропаганда во Полска – обвинение кое може да носи до две години затвор. Во 2013 година, двајца турски студенти беа осудени на по шест месеци затвор, суспендирани на три години и парична казна за сличен нацистички поздрав во Аушвиц.
Во Аушвиц систематски биле убиени најмалку 1,1 милион луѓе, од кои милион Евреи. Оние што беа депортирани во комплексот логор беа изложени на гас, изгладнети, работеа до смрт, па дури и биле убивани во медицински експерименти. Кампот бил ослободен од советската Црвена армија во 1945 година.
Во целата војна, нацистите убиле шест милиони Евреи.