Откако направила селфи, оваа жена забележала две мистериозни фигури во одразот на нејзините очила за сонце. Фотографијата ја објавила на еден форум, обидувајќи се да идентификува што би можело тоа да биде.
Сара Мадеирос од Масачусетс, САД, раскажала дека забележала „вознемирувачки“ сенки во одразот на очилата.
Кога направила селфи, таа била сама дома.
„Што е најстрашното нешто што сте го пронашле на фотографија откако сте ја сликале?“, напишала таа на форумот Квора (Quora) и продолжила: „Имам три деца и никој од нив не беше дома. Стоев во кујната, свртена кон трпезаријата. Во одразот треба да се види црна трпезариска маса и четири стола. Но, не и ова.“
Таа тврди дека станува збор за нешто надреално.
Некои коментирале дека навистина постои нешто мистериозно, додека оние пак, порационалните тврдат дека мистериозниот одраз може да се објасни со аголот на снимањето или со осветлувањето.
ФОТО: Forum Quora