НАПРАВЕТЕ СПОРЕДБА Зијадин Села вели дека Мамути е вистинскиот човек за Сарај

Го добивате Ќерим Мамути, кој е пред сè искрен, кој е вреден и кој е сериозен и повеќе од сите го сака Сарај, ја сака својата татковина, ја сака иднината на Сарај и сака да ја изгради иднината на Албанците во Сарај, рече лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на митингот во Сарај.

423

Нашата и мојата цел како кандидат за градоначалник на Општина Сарај е грижата за граѓаните кои го трпеа 12-годишното лошо владеење на ДУИ, рече Ќерим Мамути од Алијансата за Албанците на митингот во Сарај.

– Угнетувањето, кражбата и рекетот направен врз граѓаните на Сарај и неговата околина, узурпацијата на општинскиот имот од страна на активистите на ДУИ, продажбата и уништувањето на езерото Треска, имотот, викендичките, железото и сè што постои таму, додека беше финансирано од самите граѓани на Сарај. Нашата кандидатура е за запирање на рекетот. Жителите на Сарај се соочуваат со недостаток на вода за пиење, без канализација, уништени патишта и отпад фрлен насекаде на територијата на Сарај. Одговорните за сите овие зла се раководителите на Општина Сарај и комуналното претпријатие во рамки на општината – рече Мамути.






Лидерот на партијата, Зијадин Села, рече дека кандидатот за градоначалник на Општина Сарај од редовите на Алијанса за Албанците е искрен, вреден и сериозен човек.

– Ќе мораме да ги поедноставиме работите и да ги кажеме такви какви што се, бидејќи само по основ на правото и утврдување на ситуацијата и споредување на нештата, можеме да го направиме вистинскиот избор. Е па, на 17 октомври, од една страна ќе се соочите со кандидатот што ги претставува најлошите работи што може да ги има човечката природа, а од друга страна, го имате Ќерим Мамути кој е пред сè искрен, кој е вреден и кој е сериозен и повеќе од сите овие што ги споменав, тој го сака Сарај, ја сака својата татковина, ја сака иднината на Сарај и сака да ја изгради иднината на Албанците во Сарај за тие да уживаат во неа. Навистина е апсурдно кога ги слушаме нашите опоненти како излегуваат сега пред изборите и велат дека ќе ја решат сиромаштијата, која не беше создадена за еден ден, туку беше создадена во одреден временски период, а членовите на осиромашувањето на ова население се тие кои ја држат власта од 20 години. Тие ветуваат дека ќе дадат социјална поддршка и ќе откријат дека нема социјална поддршка за населението. Тие велат дека ќе ја запрат корупцијата затоа што знаат дека тие ја создале и тие се тие што ќе ја продолжат и ние не веруваме во овие празни ветувања – рече Села.

Поврзани содржини