НАПРАВЕТЕ МЕД ОД ТИКВА Домашен мелем за црниот дроб, лек за холестерол и чудо за имунитет
Заради големата содржина на витамини и каротен, овој мед го зајакнува имунитетот.
Можеби досега не сте слушнале за мед од тиква, но за тоа колку е вкусна и здрава тиквата, сигурно веќе знаете. Направете со помош на тиква домашен мелем кој заради големата содржина на витамини и каротен, ќе ви го зајакне имунитетот.
Благодарение на своето благо лаксативно и диуретско делување, тој е одличен избор кога станува збор за проблеми со хроничен запек и различни заболувања на дебелото црево.
Списокот на неговите позитивни дејства врз организмот не завршува тука.
Посебно е делотворен кај излачувањето на жолч и при проблемите со црниот дроб и бубрезите, а е добар избор и за оние со покачен холестерол.
Се смета и за природен лек за мокрачните патишта.
Најдобро би било овој мелем (мед) да го чувате во фрижидер во чиста стаклена тегла со капак најдолго еден месец.
Како да го направите?
Потребна ви е една зрела жолта тиква. Отсечете го врвот од тиквата и издлабете ја внатрешноста.
Во отворот ставете кафеав шеќер или уште подобро, природен мед и поклопете со отсечениот капак. Оставете ја тиквата на поладно место десетина дена.
Најдобро е да се стави во некоја поголема чинија. Кога ќе се создаде сируп што ќе го испушти тиквата, ставете ја течноста во тегла.
Доколку се појави мувла, не е страшно.
Во тој случај, направете дупка на дното од тиквата и оттаму прелијте го сирупот (медот од тиква) во теглата.
Медот од тиква можете да го користите како засладувач на чај или самостојно, 2-3 пати дневно по 2-3 супени лажици, како прелив и слично.
Фото: Unsplash