НАПРАВЕНО ПРВОТО КАФЕ ВО ЛАБОРАТОРИЈА Не е толку горко како обичното, ама ќе ни ги реши проблемите
Новото кафе ќе ги реши сегашните проблеми со набавка и одгледување на кафето. На пример, кога растат глобалните температури плантажите се помалку плодни, па одгледувачите ги сечат шумите за да обезбедат простори за нови насади. Освен ова, според Ришер, тука е и проблемот со транспортот, како и употребата на фосилните горива и затоа и те како треба да се бара алтернатива.
Љубителите на кафето во иднина можеби ќе ја пијат својата омилена напивка произведена во таканаречен „Петриев сад“ а не на плантажа, велат финските научници кои се надеваат дека во лабораторијата успеале да одгледаат кафе, пишува Физика. Тие клонирале клетки од растение од кафе, а потоа направиле кафен прав и го спржиле.
– Тоа е вистинско кафе, бидејќи во овој производ нема ништо освен кафе – вели Хеико Ришер, покажувајќи го садот полн со прав.
Тој и неговите колеги од финскиот Технички истажувачки институт (VTT) веруваат дека со производство на ваквото кафе ќе се избегнат бројните проблеми кои ги предизвикува масовното производство на една од најпопуларните напивки на светот.
Кафето во лабораторијата е поевтино за правење
Финските научници ги користеле истите принципи на т.н. „клеточно земјоделство“ коишто се користат при производството на месо во лаборатории без да се колат говедата. Таквото месо минатата 2020 година во Сингапур беше одобрено за продажба и веднаш беше ставено во списокот на јадења на еден тамошен ресторан.
Меѓутоа, кафето е проблематичен производ затоа што кога растат глобалните температури плантажите се помалку плодни, па одгледувачите ги сечат шумите за да обезбедат простори за нови насади. Освен ова, според Ришер, тука е и проблемот со транспортот, како и употребата на фосилните горива и затоа и те како треба да се бара алтернатива.
Неговиот тим сега спроведува анализа за тоа во колкава мера би било одржливо масовното производство на кафето во лабораторија, но Ришер верува дека за таков процес би биле потребни помалку работна сила и помали трошоци отколку за конвенционалното кафе.
☕🌍 Latte drinkers may in the future be sipping on java sourced from a petri dish rather than a plantation, say Finnish scientists behind a new technique to grow what they hope to be sustainable #coffee in a lab https://t.co/eVQ4YSpeXj By @SamInFinland pic.twitter.com/y6kA8vQeeP
— AFP News Agency (@AFP) October 27, 2021
Лабораториското кафе не е толку горко како обичното
На кафељупците, за успехот на лабораториското кафе, се разбира, клучен ќе им биде неговиот вкус, но засега само посебно обучени дегустатори имаат дозвола да го пробаат, бидејќи законски станува збор за „нова вид храна“.
– Засега тие смеат само да го пробаат и да го исплукаат, не смеат да го проголтаат – вели научникот Хеики Аисала, стручњак за сетилна перцепција.
– Во споредба со регуларното кафе, „клеточното“ е помалку горко, што можеби е последица на малку помалото количество на кофеин. Но, ние не сме професионални пржачи на кафе, а знаеме дека многу вкусови се создаваат токму во текот на тој процес – додава Аисала.
Неговиот колеа Ришер смета дека ќе бидат потребни најмалку четири години пред кафето од лабораторија да добие дозвола од регулаторите за комерцијална употреба.
Проектот би можел да биде и важен и за самата Финска, која е меѓу водечките земји во светот во консумирањето на кафето по жител и затоа во земјата дефинитивно има многу ентузијазам за тоа.