Жителите на скопската населба Тафталиџе 2 и дел од жителите на улицата Јуриј Гагарин во општина Карпош утре ќе останат без вода за пиење, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Оттаму објаснуваат дека станува збор за технички зафат кој ќе се одвива на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, спроти Реплек.
„Од ЈП Водовод и канализација добивме известување дека на ден 28.02.2025 година (петок) поради технички зафат на санација на затварачи од ф-300 мм и ф-125 мм на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов – спроти Реплек, во периодот од 02 часот па сѐ до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населбата Тафталиџе 2 како и дел од корисниците од улицата Јуриј Гагарин во општина Карпош“, се вели во соопштението.