НАПОЛНЕТЕ СИ КОФИ И ШИШИЊА! Цело Скопје утре без вода
Причина за прекинот на водоснабдувањето на поголем дел од главниот град е интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче.
Жителите од речиси сите скопски населби утре од 17 часот ќе се соочат со намален притисок или прекин на водоснабдувањето поради интервенција на главната водоводна цевка во Рашче, информираа од ЈП Водовод и канализација – Скопје на нивната официјална страница на Фејсбук.
Причина за прекинот на водоснабдувањето на поголем дел од главниот град е интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче.
Од ЈП Водовод и канализација соопштија дека намален притисок или прекин во водоснабдувањето ќе имаат следните населени места: Арнакија, Сарај, Глумово, Горна Матка, Долна Матка, Ѓорче Петров, Влае, Карпош, Жданец, Нерези, Центар, Клинички Центар, Кисела Вода, Усје, Пинтија, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране, дел од Гази Баба, Чаир, Скопје Север, Топаанско Поле, Автокоманда и Аеродром.
Не е објавено колку ќе трае прекинот во редовното водоснабдување. Станува збор за завршна интервенција во санирањето на големата водоводна цевка од која се снабдува Скопје.