Наполнете ги резервоарите, горивата поскапуваат на полноќ

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 5,317 отсто и  кај дизелот за околу 5,308 отсто, како и за 0,666 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот. 

484

Цените на бензините од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 1,5 денари за литар, а дизел горивата поскапуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,76 отсто.






Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,5 денари за литар, и ќе изнесуваат 62,5, односно 64,5 денари. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се зголемуваат за еден денар така што  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 53, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 42 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,448 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,884 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 5,317 отсто и  кај дизелот за околу 5,308 отсто, како и за 0,666 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Поврзани содржини