НАПЛАТАТА МОЖЕ ДА БИДЕ ФЕР, ЕМПАТИЧНА И ЕФИКАСНА Што ако добиете повик од НАН?

Должниците се луѓе кои поминале низ тежок период. Ако им пријдеме со разбирање, со фер понуда, со слух, тогаш имаме многу поголем успех. Ние не градиме „страв“, туку дијалог - вели Сања Јовановска, менаџер за продажба во НАН.

147

Во свет во кој долговите често значат срам, страв или игнорирање на непријатниот повик, една агенција со домашно потекло го менува наративот. НАН, дел од Flex Group, не гледа на наплатата како на бројка или притисок. Туку како можност за враќање на довербата, воспоставување дијалог и решавање на финансиски обврски задржувајќи ги достоинството и човечноста.

Долг кој не создава страв, туку разбирање






– Верувам дека успешната наплата не се базира само на притисок, туку на добро управување со процесот, анализа на податоци и човечки пристап. Искреноста. Топлината. Почитта. Должниците се луѓе кои поминале низ тежок период. Ако им пријдеме со разбирање, со фер понуда, со слух, тогаш имаме многу поголем успех. Ние не градиме „страв“, туку дијалог – вели Сања Јовановска, менаџер за продажба во НАН.

Целта не е „притисок“, туку разрешување на обврски со обострано разбирање. НАН за само една година има обработено над 22.000 предмети и веќе е препознатлива по својот модел „наплата со достоинство“. Без агресивни методи, без „страшни“ повици, без автоматизирани пораки кои не разбираат ни контекст, ни човек. Секој случај е личен и третирано со почит.

„Повикот“ што треба да ви донесе решение, а не притисок

Ако сте добиле писмо или повик од НАН, тоа не е крај на приказната, туку можеби нов почеток. НАН нуди различни можности за отплата, персонализиран пристап и разговор. Кога ќе се јавите, нема да ве пречека ладен систем, туку личност која ќе се обиде да разбере што се случува и како може да ви помогне.

– Балансирањето помеѓу хуманоста и дисциплината во наплата е суштината на успешната наплатна стратегија. Ние сме тука да слушнеме, да предложиме решение, совети и опции за отплата, да понудиме простор. Дисциплината е да се одржи структурата, роковите, да се остане доследен на целта и на правилата. НАН практикува пристап базиран на комбинација на разбирање и професионална доследност, што ја прави наплатата успешна и од човечки и од бизнис аспект – додава Јовановска.

Совети за справување со долг

– Не одложувајте – ако сте во доцнење, реагирајте веднаш.

– Поставете прашања – колкав е долгот, дали има опции за отплата на рати, што значи откуп и слично.

– Барајте разбирање, но бидете искрени – отворено објаснете ја вашата ситуација.

– Проверете дали компанијата со која комуницирате е лиценцирана и доверлива, како НАН.

– Долгот не ве дефинира – ве дефинира начинот на кој се справувате со него.

Локален фокус, локална доверба

НАН не е анонимен систем од друг крај на светот. Тоа е тим од 30 професионалци од Македонија. Правници, финансиски аналитичари, луѓе од клиент-сервис индустријата, кои се обучени да ја стават хуманоста на прво место. Работат со лични податоци на начин кој е целосно усогласен со GDPR и домашните регулативи, и постојано вложуваат во дигитални алатки кои ја зголемуваат транспарентноста на процесот, но без да го изгубат човечкиот допир.

Поврзани содржини