НАПИТОК ЗА ПРЕД СПИЕЊЕ ГИ ТОПИ КИЛОГРАМИТЕ Црниот дроб се чисти додека спиете, а телото се подмладува

За да го исчистите вашето тело од нездрава храна, пијте еден од овие пијалоци секоја вечер пред спиење.

770

Здрав напиток пред спиење има позитивно влијание и носи многу придобивки за телото. За да го исчистите вашето тело од нездрава храна, пијте еден од овие пијалоци секоја вечер пред спиење – црниот дроб се чисти додека спиете, килограмите се топат, а телото се подмладува.

1. Чај од камилица: Чајот од камилица го чисти црниот дроб додека спиете, го смирува нервниот систем, го подобрува квалитетот на сонот и го ублажува стресот.






2. Топла вода со лимон: Лимонот има диуретични својства и помага во детоксикација на црниот дроб.

Состојки: 1 лимон и 200 мл вода Подготовка: Загрејте ја водата (не треба да врие), па додадете го сокот од лимон. Пијте половина час пред спиење.

3. Овесна вода: Овесната каша е богата со влакна, витамини и минерали, кои се одлични за подобрување на варењето, како и за подобра функција на црниот дроб и на цревата. Овесната вода испиена пред спиење го чисти црниот дроб и ја нормализира функцијата на цревата.

Состојки: 1 чаша овесна каша (без глутен); 6 шолји филтрирана вода. Подготовка: Овесната каша потопете ја во вода седум часа, па процедете ја. Додадете малку цимет во течноста и чувајте го во фрижидер. Пијте две чаши навечер, 30 минути пред вечера и 30 минути пред спиење.

4. Чај од ѓумбир со лимон (луѓето со висок крвен притисок не треба да го пијат овој напиток): Овој моќен напиток го детоксира телото и помага при слабеење. Ѓумбирот и лимонот се богати со витамини и антиоксиданси кои спречуваат болести и го стимулираат метаболизмот. Тие исто така имаат антиинфламаторни својства и ги отстрануваат токсините од телото. Состојки: 1 парче свеж ѓумбир (околу 5 см); 1 лимон и 250 мл вода. Подготовка: Зовријте вода, додадете ѓумбир и сок од лимон и варете околу 10 до 15 минути. Пијте најмалку 3 пати неделно 30 дена.

Поврзани содржини