НАПИТОК КОЈ ЦЕЛОСНО ГО РЕВИТАЛИЗИРА ТЕЛОТО Овој зеленчук обично го јадеме во салати, но забораваме на неговиот чудесен сок
Доматите најчесто се консумираат во салати, сендвичи или како прилог на главното јадење. Но, многу поретко ги пиеме како сок, што е штета бидејќи тој има многу благотворно дејство на целото тело и е вистинска ризница на здравје.
Најчесто со доматите правиме салати или пак сос за шпагети, но веројатно малкумина ги консумираат како сок. Сокот од свежи домати е одличен извор на витамините А и Ц. Со редовно пиење на овој сок ќе спречите можни проблеми со видот, ќе го подобрите имунитетот, а ќе помогне и за здравјето на забите и коските.
Доматите се богати и со витамин Б6. Се претпоставува дека тој го разградува хомоцистеинот, аминокиселина која ги оштетува крвните садови, што доведува до срцеви заболувања.
Благодарение на витаминот Б3 (ниацин), сокот од домати го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта и го подига нивото на добриот холестерол.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.