Напишала во писмото: Која е жената поради која Дијана верувала дека Чарлс ја планира нејзината сообраќајка? (ФОТО)

1,500

Денеска се одбележува 60-от роденден на принцезата Дијана. Таа трагично загина пред речиси 24 години, а за деталите околу нејзината смрт и денес се дебатира. Според последните извештаи објавени од британските медиуми, принцезата Дијана верувала дека принцот Чарлс сака да се ослободи од неа поради Тиги Лег-Бурк која работела како дадилка на нивните синови Вилијам и Хари.

„Мојот сопруг планира сообраќајна несреќа во која ќе настрадам, ќе ми откажат сопирачките и  ќе добијам сериозна повреда на главата, а сето тоа, за тој да може да се ожени со дадилката Тиги, која ги чува Вилијам и Хари“, напишала Дијана во својот дневник, поради што принцот Чарлс на крајот беше испрашуван од полицијата, пренесува „Дејли мејл“.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Riccardo Paolini (@riccardopaolini)

Магазинот „Пипл“ пишува дека принцот Чарлс ја вработил Тиги во 1993 година, кратко време откако тој и Дијана се разделиле. Таа ги придружувала Вилијам и Хари на семејните одмори и создала блиска врска со нив. Таа се омажила за Чарлс Петифер во 1999 година, а принцовите биле гости на нејзината венчавка. Тиги, пак, присуствувала на венчавката на принцот Хари и Меган Маркл во 2018 година, а „Пипл“ пишува дека Тиги е кума на нивниот син Арчи.

Во центарот на вниманието на јавноста се нашла веднаш по испрашувањето на принцот Чарлс, но поранешниот шеф на Скотланд јард, Џон Стивенс, за „Дејли мејл“ изјавил дека Чарлс на испрашувањето имал неверојатна волја да соработува, бидејќи немал што да крие. Стивенс тврди дека тој рекол дека неговите намери во никој случај не биле такви. Испрашувањето на принцот Чарлс се одвивало во најголема тајност. Во 1995 година, полицијата го испрашувала Чарлс во рамките на операцијата наречена Пеџет. Со неа британските детективи се обидувале да истражат низа теории на заговор за вистинската причина за загинувањето на принцезата Дијана.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TheRoyalEnnui (@theroyalennui)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини