НАПИКАЛ 33 МИГРАНТИ ВО КОМБЕ „ФИАТ ДУКАТО“ Уапсен криумчар кај Гевгелија

191

Полициски службеници од граничниот премин Богородица денеска напладне во близина на бензинска пумпа кај Гевгелија го уапсиле И.М. (41) од Струга, кој со товарно возило „фиат дукато” со охридски регистерски таблички, превезувал 33 мигранти.

Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира МВР.

Поврзани содржини