НАПАДОТ ВРЗ ДУИ НИКОГАШ НЕ Е НАПАД ВРЗ АЛБАНЦИТЕ, ТУКУ ВРЗ КРИМИНАЛОТ НА ДУИ Мицкоски вели дека сите етникуми подеднакво трпат од „криминалната дуизација“

Јас како човек немам ништо против ниту еден народ, но имам против тоа да се краде Македонија и упропастува бездушно. Затоа што и Албанците во Македонија се заложници на криминалот на ДУИ и затоа што и тие подеднакво живеат тешко исто како што тешко живеат и Македонците, и Србите, и Турците, и Ромите, и Бошњаците, и Власите и сите останати граѓани во Македонија, вели Мицкоски.

491

Нападот врз партијата ДУИ никогаш не е напад врз Албанците, туку напад врз криминалот кој тие го преставуваат и застапуваат, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешното претставување на кандидатите за пратеници. Тој вели дека ДУИ се политичкиот фактор кој освен тоа што СДСМ го потчини и од таа некогаш голема партија направи ситна играчка во своите раце, туку својот криминал го вгради во секоја една институција и направи дуизација поточно криминализација на државата, а дека досега никој од ДУИ не одговарала пред словото на законот.

И секогаш кога ќе ги кажете работите онакви какви што се, продолжи Мицкоски, тие ќе започнат да зборуваат за етнички теми и да обвинуваат дека некој има нешто против Албанците ако ги нападне овие криминалците од ДУИ.






– Јас како човек немам ништо против ниту еден народ, но имам против тоа да се краде Македонија и упропастува бездушно.  Затоа што и Албанците во Македонија се заложници на криминалот на ДУИ и затоа што и тие подеднакво живеат тешко исто како што тешко живеат и Македонците, и Србите, и Турците, и Ромите, и Бошњаците, и Власите и сите останати граѓани во Македонија. Тоа што ДУИ беше зелена партија, а сега се големи европејци покажува дека тие имаат десетина лица, но едно лице никогаш не го менуваат, тоа е лицето кое што стално носат со себе, тоа е лицето на криминалот. И за тој криминал мора да одговараат и да има правда за секого. Јас сум свесен дека Али Ахмети и тие малкумина околу него, точно знаат што правеа овие повеќе од 20 години. Свесен сум дека тоа што не им појде од рака со пушка, сакаат сега од внатре, од институциите да го сторат. Нивната цел е една, а тоа е да ја опљачкаат, уништат, понижат и засрамат Македонија. Да ги понижат оние кои ја бранеа Македонија – заклучува Мицкоски.

Поврзани содржини