НАПАДОТ СЀ ПОИЗВЕСЕН Столтенберг вели дека НАТО се подготвува за најлошото
Столтенберг денеска во Брисел се сретна со британскиот премиер Борис Џонсон. За Џонсон војната би била „апсолутна катастрофа“. Како одговор на прашање на новинар на Би-Би-Си, тој процени дека украинската армија моментално има 200.000 војници.
Русија мора да избере помеѓу дипломатско решение за кризата околу Украина или соочување со економски санкции, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, за кого „нападот е сè поизвесен“, пренесува Б92.
– Бројот на руски војници се зголемува. Можниот напад е сè поизвесен. НАТО не е закана за Русија, но мораме да бидеме подготвени за најлошото, додека веруваме во политичко решение-рече тој.
– Русија има избор: може да избере дипломатско решение, но ако изберат конфронтација, ќе платат висока цена – додаде Столтенберг.
Столтенберг денеска во Брисел се сретна со британскиот премиер Борис Џонсон. За Џонсон војната би била „апсолутна катастрофа“. Како одговор на прашање на новинар на Би-Би-Си, тој процени дека украинската армија моментално има 200.000 војници.
– Само сакам да нагласам дека би било апсолутна катастрофа доколку има војна на украинска територија, како и дека ќе има сериозно крвопролевање – предупреди британскиот премиер.
Тој рече дека луѓето во Русија мора да размислат и дали е разумно да се троши крвта на руските војници во војната, што според него би било катастрофално.
Дека инвазијата на Украина не би била „прошетка во парк“ за Русите, објасни и командантот на украинските копнени сили, генерал Олександар Сирски, пренесува „Скај њуз“.
– Вооружените сили на Украина се подготвени. Ние сме способни и без борба нема да се откажеме од ниту еден метар украинска земја. Ова нема да биде обична прошетка во парк, доколку одлучат да извршат целосна инвазија. Ова е предупредување. Ќе се бориме до последен здив за секој метар украинска земја. Верувам во украинските војници. Верувам во нашите вооружени сили и верувам во нашата победа – изјави Сирски.
Украинскиот генерал денеска кажа дека неговите војници ќе почнат серија воени вежби на северот на Украина, во близина на границата со Белорусија, каде руските и белоруските сили, од друга страна, изведуваат голема заедничка воена вежба. Обука ќе има и на југот од земјата со оружјето кое Украина го доби од САД и од Велика Британија.