🎥НАПАДНАТО И ВОЗИЛОТО ВО КОЕ ПАТУВАШЕ ФОН ДЕР ЛАЈЕН Уште еден инцидент при посетата на Бугарија

Националистичката партија на преродбата и претседателот на партијата Костадин Костадинов се обидоа да ја спречат претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен да влезе во фабрика во Сопот и го нападнаа возилото за кое веруваа дека е нејзино.

3,476

Лидерот на проруската Партија на преродбата, Костадин Костадинов, беше снимен како го блокира влезот на автомобил во фабрика за оружје во бугарскиот град Сопот за време на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во неделата.






Националистичката партија на преродбата се обиде да ја спречи Фон дер Лајен да влезе во фабриката, напаѓајќи го возилото за кое демонстрантите веруваа дека е нејзино.

На видеото се гледа како Костадинов блокира црн автомобил, тврдејќи дека бугарската полиција, која се обидувала да ги убеди демонстрантите да го пропуштат возилото, „сакала да го прегази“. Во видеото објавено на социјалните мрежи, демонстрантите со бугарски и со руски знамиња го опкружуваат автомобилот, кој потоа се движи напред, но неколку пати е погоден од еден од транспарентите.

Костадинов може да се види како се расправа со полицијата со свирежи, и извици „нацисти“.

Поврзани содржини