НАПАДНАТИ СМЕ, ИСПУКАЈТЕ ТОРПЕДА, ПОТОПЕТЕ ГИ АМЕРИКАНСКИТЕ БРОДОВИ Руски функционер бара одмазда кон САД, споменува нуклеарки

Алексеј Журавлев, прв заменик-претседател на Комитетот за одбрана на Руската државна дума, рече дека САД доживуваат „еуфорија на неказнивост“ по апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и повика на директен воен одговор.

12,628

Москва „гори“ од силни реакции откако Вашингтон денеска заплени танкер што пловеше под руско знаме во Атланскиот Океан

Алексеј Журавлев, прв заменик-претседател на Комитетот за одбрана на Руската државна дума, рече дека САД доживуваат „еуфорија на неказнивост“ по апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и повика на директен воен одговор, објавија руските медиуми.






Журавлев го нарече американското запленување на танкерот „Маринер“ чисто пиратство и го изедначи со напад врз руска територија, со оглед на тоа што бродот пловеше под руско знаме. Според него, таков чин бара цврст и брз одговор.

– Ова несомнено бара цврст и брз одговор. Нашата воена доктрина дури дозволува употреба на нуклеарно оружје како одговор – истакна Журављов, додавајќи дека, според достапните информации, руска подморница и други воени бродови биле исто така во близина на танкерот.

Функционерот на руската Дума не застана само на осудите, туку предложи и конкретни воени акции како единствен начин да се запрат САД.

– Напад со торпеда, потопување на неколку американски бродови на крајбрежната стража се единствениот начин да се запрат САД. Тие се во еуфорија, им треба шлаканица по носот – рече Журављов.

Танкерот „Маринер“ наводно бил поврзан со Венецуела, а американските сили го прогонуваа во Атлантикот повеќе од две недели. Руското Министерство за транспорт наведе дека на „Маринер“ му е издадена привремена дозвола за пловење под руското државно знаме на 24 декември 2025 година.

САД ГО ЗАПЛЕНИЈА РУСКИОТ ТАНКЕР И ПОКРАЈ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕТО ОД МОСКВА Дали е на повидок воена ескалација меѓу двете велесили?

Поврзани содржини