НАПАДНАТАТА НАСТАВНИЧКА Е ПРОБОДЕНА СО НОЖ 31 ПАТ! Грозоморни детали од стравичниот напад во училиштето во Загреб

Од Министерството за здравство на Хрватска изјавија дека се хоспитализирани три деца и тие се во стабилна состојба.

1,548

Наставничка (62) која вчера беше нападната додека се обидувала да го спречи колежот на учениците во училиштето „Пречко“ во Загреб е избодена со нож 31 пат!

Таа е во стабилна состојба, дише со помош на апарати, соопштија лекарите.






– Наставничката е во стабилна, сè уште дише со помош на механичка вентилација. Денеска ќе имаме дополнителна дијагностика во нејзиниот третман – одговориле за хрватските медиуми од загребската клиничка болница „Свети дух“.

Од Министерството за здравство на Хрватска изјавија дека се хоспитализирани три деца и тие се во стабилна состојба.

Во нападот со нож е убиено 7-годишно дете.

Утрото по трагедијата пред основното училиште владее тишина и тага. Полицијата ја заврши истрагата, така што улицата до училиштето е слободна за поминување.  Училиштето сè уште е оградено со полициска лента, а го обезбедуваат десетина полицајци.

Во Хрватска денеска е ден на жалост.

Напаѓачот има 21 година. Тој е уапсен.

Поврзани содржини