Рибочуварка на Тиквешко Езеро вчера била нападната од сопружници, соопшти полицијата од Велес.
Инцидентот според пријавата, на рибочуварката со иницијали М.П.(46) се случил во населбата Брушани на Тиквешко Езеро, кавадаречко, додека таа ги извршувала службени задачи како рибочувар. Притоа Г.С. и неговата сопруга физички ја нападнале покрај другото и со тврди предмети.