🎥 НАПАДНАТА ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО ПАРИЗ Малолетник убиен во полициска потера, младите излегоа на улица
Десетици млади луѓе нападнаа полициска станица во париското предградие Ла Курнев со пиротехнички средства и молотови коктели, откако 18-годишник беше убиен за време на полициска потера минатата недела.
Девет лица се уапсени по нападот на полициска станица во париското предградие Ла Курнев. Инцидентот се случи доцна во неделата по судирите меѓу младите и полициските сили, изјави началникот на париската полиција.
Десетици млади луѓе нападнаа полициска станица во предградие на Париз со пиротехнички средства и молотови коктели, откако 18-годишник беше убиен за време на полициска потера минатата недела, според локалните извештаи.
Полицијата соопшти дека момчето се обидело со скутер да го претекне автомобилот пред него и директно се судрил со полициско возило кое доаѓало од спротивен правец. Полицајците рекоа дека морале да скршнат за да го избегнат автомобилот и се судриле со скутерот. Во несреќата момчето го загубило животот.
Riots Again in France…
Mortars, Molotov Cocktails, Police Station Attacked Following the Death of a Young Convicted Criminal Fleeing Authorities
On March 13, 2024, in Aubervilliers, France, 18-year-old Wanys R., with an Algerian background, collided with the La Courneuve… pic.twitter.com/sJXSaBJ7gD
— Amy Mek (@AmyMek) March 18, 2024
Овој случај потсетува на смртта на 17-годишникот при полициска сообраќајна контрола во близина на Париз минатиот јуни. Потоа следеа протести против полициското насилство и сериозните немири кои ја потресоа Франција и предизвикаа штета од милиони долари.
– Имаше девет апсења, што не е безначајно.Полициското засилување брзо ги врати редот и безбедноста – низјави Лоран Нуњез за телевизијата TF1 во понеделникот.
Безбедносните прашања се од најголема важност за француските власти поради Олимписките игри во Париз кои започнува на 26 јули.
Некои локации на Олимписките игри во Париз беа вандализирани за време на немирите во летото 2023 година, кои резултираа со убиство на тинејџер од северноафриканско потекло. Младиот човек бил застрелан од полицијата.