НАПАДНАТА НАЈБОГАТАТА ХРВАТКА Разбојници со маски упаднале во куќата на Славица Еклстон
Славица Еклстон (65) била нападната во нејзината куќа во Швајцарија, околу еден часот по полноќ, додека спиела.
Поранешната хрватска манекенка Славица Еклстон (65) била нападната во нејзината куќа во Швајцарија, околу еден часот по полноќ, додека спиела.
Од извор близок до Славица, поранешна сопруга на Берни Еклстон, поранешен претседател на управата на Формула 1, Славица ноќта помеѓу саботата и неделата била нападната во нејзиниот дом во Гштад, Швајцарија, од двајца маскирани напаѓачи, пишува „Вечерњи лист“.
Таа се здобила со полесни повреди, напаѓачите успеале да побегнат, а случајот го истражува швајцарската полиција.
Да потсетиме, Славица со Берни беа во брак 24 години, во кој ги добија двете ќерки, Тамара и Петра.
Таа и денес важи за една од најбогатите жени на овие простори.
ФОТО: Инстаграм