НАПАДНАТ ВРАБОТЕН ВО ЕВН ДОДЕКА РАБОТЕЛ ВО ГОРНО НЕРЕЗИ Со повреди бил однесен во Болницата „8 Септември“
Додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН, жител на Матка бил нападнат во Горно Нерези, соопшти полицијата.
Како што наведува полицијата, на 26.11.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека кај нив со повреда бил донесен Т.И.(50) од селото Матка, Скопско.
Според пријавеното, Т.И. околу 11 часот во селотоГорно Нерези, Скопско, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило тврди предмети.