НАПАДНАТ СОВЕТНИК НА СДСМ ОД КУМАНОВО Пријава за предизборно насилство во Василево

Салиевски истакна дека ќе поднесе кривична пријава против напаѓачот и кривична пријава за клевета за Николај Павловски, портпарол на Димитриевски.

1,626

Советникот на СДСМ и коалицијата Самет Салиевски бил физички нападнат од Реџеп Реџеповски, советник од тимот на Максим Димитриевски. Случајот е пријавен во СВР Куманово од страна на Самет Салиевски.

На прес-конференција Салиевски изјави дека е нападнат само еден ден од официјалното објавување на коалицијата на Димитриевски со режимското ВМРО. И дека веднаш почнаа насилствата врз Ромите коишто беа редовни во времето на режимот.






Салиевски истакна дека ќе поднесе кривична пријава против напаѓачот и кривична пријава за клевета за Николај Павловски, портпарол на Димитриевски.

– Реџеповски без причина ме удри во главата, побарав лекарска помош, имам повреда и случајот го пријавив во полицијата. Ние се бориме никогаш повеќе Ромите да не не влечат за учи. Овој режим на Димитриевски е режим на Груевски. Ние Ромите сме мирни луѓе, но тимот на Димитриевски сака да ги продолжи насилствата врз Ромите – изјави Салиевски.

Советникот Салиевски не сакаше да навлегува во деталите на насилството кое го извршиле врз него, апелираше надлежните институции да го расчистат случајот.

Денеска во 12:30 часот В.М. (33) пријавила кривично дело насилство сторено од А.В. и С.А. двајцата од село Василево, соопштија од СВР Струмица.

Според полицијата денеска околу 11 часот додека пријавителката заедно со уште неколку лица ги посетувала жителите на село Василево во рамките на изборната кампања за Локалните избори 2021, забележале дека подолго време се движело возило зад нив во кое имало две лица.

-Кога пријавителката и лицата кои биле со неа влегле во дворното место на Б.И. од сeло Василево, во дворот влегле С.А. и А.В. и почнале да упатуват навреди и закани кон нив. Кога пријавителката го земала телефонот да повика полиција А.В. физички ја нападнал, а кога К.П. се обидел да ја заштити и тој бил физички нападнат од А.В., а С.А. се обидел да го удри К.П. но не го погодил – стои во информацијата од струмичката полиција.

Од СВР Струмица додавават бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчитување на настанот, по што ќе се следи соодветен поднесок до ОЈО Струмица.

Поврзани содржини