НАПАДНАТ СОПСТВЕНИК НА ПРОДАЖЕН ОБЈЕКТ ВО ПРИЛЕП Едно од лицата пукало со пиштол

Пријавените физички го нападнале В.П. - сопственик на продажен објект, а потоа и неговите малолетни деца, по што првопријавениот во два наврати пукал со пиштол, се вели во полицискиот билтен.

637

Две лица од Прилеп физички нападнале сопственик на продажен објект и неговите малолетни деца. Едно од лицата во два наврати пукало со пиштол.

„СВР Битола поднесе кривична пријава против З.П.(58) и К.П.(42), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. На 15.01.2025 во Прилеп, пријавените физички го нападнале В.П. – сопственик на продажен објект, а потоа и неговите малолетни деца, по што првопријавениот во два наврати пукал со пиштол“, се вели во полицискиот билтен.

 

Поврзани содржини