НАПАДНАТ И ПРОБОДЕН СО НОЖ Обид за убиство на гостиварски обвинител

Јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники – се вели во соопштението од Обвинителство.

770

Утринава бил извршен обид за убиство на јавен обвинител од ОЈО Гостивар, информираат од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

– Утринава во 5:30 часот во с. Чегране, гостиварско, извршен е обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство Гостивар. Јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники – се вели во соопштението од Обвинителство.






Оттаму велат дека јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот.

Основното јавно обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот.

Поврзани содржини