НАПАДНАТ Е УНИВЕРЗИТЕТОТ НА РУСКИ СПЕЦИЈАЛНИ СИЛИ ВО ЧЕЧЕНИЈА Се запалил покривот, но нема повредени
Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, изјави дека зградата, чијшто покрив се запалил, била празна.
Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, изјави дека дрон го нападнал Универзитетот на руски специјални сили во Гудермес, Чеченија, по што се запалил покривот на една од зградите, а нема повредени.
Кадиров изјави дека зградата, чијшто покрив се запалил, била празна.
Чеченскиот лидер рече дека нападот со дрон не влијаел на работата на Универзитетот и дека институцијата функционира нормално.
Кадиров посочува дека за тој напад е покрената истрага за да се утврди одговорноста.