НАПАДНАЛ МЕДИЦИНСКИ ПЕРСОНАЛ И ПОЛИЦАЕЦ Инцидент во штипската болница, напаѓачот приведен
По целосно документирање на случајот против 55-годишниот З.К. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Педесет и петгодишен жител на Пробиштип агресивно се однесувал кон здравствените работници во Клиничката болница Штип, а физички нападнал и полицаец. Надлежните од СВР-Штип информираат дека настанот се случил синоќа.
„Полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода 55-годишниот З.К. од Пробиштип бидејќи околу 23 часот во Клиничката болница Штип агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејствија. З.К. бил задржан во Полициска станица“, соопшти СВР-Штип.
По целосно документирање на случајот против 55-годишниот З.К. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.