НАПАДИТЕ ДОАЃААТ ОД ИСТ ЦЕНТАР НА МОЌ Очекуваме притисоци додека се бориме со криминалот

Според првиот човек на финансиската полиција, поднесената кривична пријава до него, се однесува за злоупотреба на службената положба и овластувања, како и за кривично дело „насилство“ е само продолжение на нападите против него и Управата кои доаѓаат од ист центар на моќ.

372

Директорот на Управа на финансиската полиција Арафат Муареми вели дека чекорите и притисоците кон него се очекувани кога институцијата со која тој раководи се справува со криминалот во земјава.

Според првиот човек на финансиската полиција, поднесената кривична пријава до него, се однесува за злоупотреба на службената положба и овластувања, како и за кривично дело „насилство“ е само продолжение на нападите против него и Управата кои доаѓаат од ист центар на моќ, откако претрес во Управата, неодамна направи Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.






– Јас Арафат Муареми како директор на Управата за финансиска полиција и вработените во Управата, препознаваме и свесни сме дека овие намерно исценирани и неосновани напади кон нас, доаѓаат од еден ист центар за кој што во Управата, но, и во други институции веќе активно се водат соодветни постапки, во зависност од надлежностите на институцијата. Очекуваме ваквите напади и притисоци да продолжат и во наредните денови, се додека органите на надзор и контрола активно работат на расчистување на неодамнешните случувања со незаконскиот претрес во нашата институција. Намерата на овие напади е повеќе од очигледна. Меѓутоа, во интерес на излегувањето на вистината на виделина, ќе се воздржам од дополнителни коментари на ваквите однапред целно смислени напади и сценарија и оставам надлежните институции да постапуваат согласно своите надлежности. Дополнително, сакаме да нагласиме дека објавите во одредени медиуми дека Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривична пријава против директорот на Управата се лажни и невистинити – вели Муареми.

Инаку, како што информираа медиумите сопственик на перална за автомобили во Дебар поднел кривична пријава против директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми за злоупотреба на службена положба и овластување, малтретирање во вршење на службата и насилство. Во пријавата поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, до Јавниот обвинител на Македонија до Владата и до Министерството за финансии сопственикот на пералната навел дека директорот Муареми му се заканувал и го уценувал.

Поврзани содржини