НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ КИЕВ Украинците синоќа собориле 10 беспилотни летала

Очевидци потврдиле дека во текот на ноќта се слушнале експлозии во Киев, како и дека дејствувале украинските единици за противвоздушна одбрана.

350

Украинските единици за противвоздушна одбрана уништија повеќе од десет руски беспилотни летала кои во текот на ноќта го нападнаа Киев, соопшти денеска украинската војска.

Воената управа на Киев на мрежата Телеграм објави дека нема непосредни извештаи за штети или жртви во нападот со дронови и дека денеска ќе бидат објавени дополнителни информации за нападот.






„Дроновите летаа од различни правци кон Киев. Тревогата за воздушен напад во градот траеше повеќе од три часа“, изјави шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко.

Очевидци потврдиле дека во текот на ноќта се слушнале експлозии во Киев, како и дека дејствувале украинските единици за противвоздушна одбрана. Засега нема коментари од Русија за овој напад.

Поврзани содржини