📽️ НАПАД СО ДРОНОВИ ВО КИЕВ, ГОРЕШЕ ОБЛАКОДЕР Русите целат на енергетските постројки

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко информирал дека вкупно 8 лица биле повредени, при што 5 биле хоспитализирани. Снимки објавени на социјалните мрежи прикажуваат како пожарникарите се обидуваат да се пробијат до пламенот додека облакодерот гори.

585

Станбен облакодер во срцето на Киев се запалил од удар на руски дрон, додека градот била бомбардиран од ракети и беспилотни летала малку по полноќ. Пет лица завршиле во болница, а енергетската мрежа е делумно уништена.

Според шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, огнот избувнал во становите на шестиот и седмиот кат во елитниот Печерски округ.






– Нема информации за загинати – истакна тој.

 

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко информирал дека вкупно 8 лица биле повредени, при што 5 биле хоспитализирани.

– Градот остана без струја – додал Кличко.

 

Снимки објавени на социјалните мрежи прикажуваат како пожарникарите се обидуваат да се пробијат до пламенот додека облакодерот гори.

Од друга страна, украинската министерка за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук напишала:

 

„Експертите за енергетика ги преземаат сите потребни мерки за да ги намалат негативните последици. Штом безбедносните услови дозволат, тие почнуваат да вршат санациски работи“.

Притоа, руски напади биле пријавени и во југоисточниот град Запорожје. Според регионалниот гувернер, таму беспилотни летала погодиле неколку цели, при што биле повредени три лица и избувнал пожар во станбена зграда.

Спротивно на украинските обиди за заштита, руските напади се интензивирале во последните денови, со особено внимание на уништување на инфраструктурата.

Поврзани содржини