НАПАД НА СИНАГОГА ВО ФРАНЦИЈА Полицијата го убила напаѓачот

Мажот кој се обидел да ја запали синагогата во градот Руан бил вооружен со нож, а кога тргнал кон полицајците, тие го застрелале.

124

Француската полиција уби вооружен маж кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни работи.

– Националната полиција во Руан рано утринава неутрализираше вооружен поединец, кој очигледно сакаше да ја запали синагогата во градот, објави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин на Икс.






Мажот бил вооружен со нож, а кога тргнал кон полицајците, тие го застрелале, се вели во извештаите.

Градоначалникот на Руан, Николас Мајер-Росињаол изјави дека нападот на синагогата не ја погодува само еврејската заедница, туку дека целиот град е во шок.

Според локалните извештаи, полицијата била повикана околу 6:45 часот откако бил забележан чад како се крева од синагогата.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, еден од полицајците го застрелал мажот кој бил вооружен со нож и железна шипка.

Градоначалникот рече дека пожарникарите се на терен и го контролираат пожарот за да не избие посериозен пожар во синагогата. Освен вооружениот напаѓач, се чини дека нема други мртви или повредени, додаде тој.

Франција, како и остатокот од Западна Европа, забележа пораст на антисемитизмот откако Хамас го нападна јужен Израел во октомври минатата година што доведе до војната во Газа.

Претходно оваа недела, осквернавен беше споменик во Париз со кој им се оддава почит на 3.900 мажи и жени кои помогнале да се спасат Евреите за време на нацистичката окупација на Франција во Втората светска војна. На споменикот беа оставени отпечатоци од раце во црвено.

Франција ја има најголемата еврејска заедница по Израел и САД, како и најголемата муслиманска заедница во Европа.

Поврзани содржини