„НАПАД НА КОСОВО Е НАПАД НА АЛБАНИЈА“ Рама порача дека Тирана ќе застане зад Приштина ако пукне оружјето

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека Албанија ќе ги брани привремените институции на Приштина во случај да бидат исцрпени сите дипломатски опции.

489

Секој напад на Косово е напад врз Албанија, посочи албанскиот премиер Еди Рама, нагласувајќи дека Тирана ќе застане во одбрана на Приштина ако дојде до употреба на оружје.

Рама порача дека Албанија ќе ги брани привремените институции на Приштина во случај да бидат исцрпени сите дипломатски опции. Тој додаде дека се моли да не дојде до таква ситуација.






Рама посочи дека Албанија е членка на НАТО и дека има посебен однос со Косово.

Поврзани содржини