🎥 НАПАД НА АВТОБУС ВО ЕРУСАЛИМ Пет луѓе се убиени

Според полициските информации, терористот се качил во автобусот 62 и почнал да пука кон патниците. Сите влезови и излези од градот се затворени и во тек е потрага за идентификување на напаѓачите, соопшти полицијата, додавајќи дека двајца се „неутрализирани“.

476

Најмалку пет лица се убиени, а 11 се ранети во утринскиот терористички напад врз Ерусалим, објави „Џерусалем пост“ и наведе дека полицијата „неутрализирала двајца терористи“.

– Од ранетите, тројца се со сериозни повреди- изјави Ели Бин, функционер на здравствените власти.






Според полициските информации, терористот се качил во автобусот 62 и почнал да пука кон патниците.
Сите влезови и излези од градот се затворени и во тек е потрага за идентификување на напаѓачите, соопшти полицијата, додавајќи дека двајца се „неутрализирани“.

На снимката се гледаат десетици луѓе како бегаат од автобуската станица за време на утринскиот шпиц.

Болничарите кои пристигнале на местото на настанот ја опишале ситуацијата како хаотична, со површина покриена со скршено стакло, а ранети луѓе лежеле во несвест на патот и тротоарот во близина на автобуската станица.


Сè уште не е јасно кој бил мотивот за пукањето или кој стои зад него. Војната во Газа доведе до зголемување на насилството и на Западниот Брег окупиран од Израел и во Израел.

Поврзани содржини