Напаѓачот кој утрово отвори оган кон полицаец и зградата на владата на Марковиот плоштад во Загреб, а потоа изврши самоубиство во Јабуковац, според неофицијални информации, се викал Даниел Безук. Тој имаше 22 години.
„Доста беа измами и несовесно газење на човечките вредности без одговорност“, напишал тој утрово на Фејсбук веднаш по пукањето со калашников.
Безук живеел во областа Кутина, а неговиот татко бил доброволец во татковинската војна, пишуваат хрватските медиуми.
Според порталот Индекс.хр, младиот човек пукал од „калашников“ откако му го одзел оружјето на својот татко.