📽 НАПАЃАЧОТ ОД БРИСЕЛ ЗАСТРЕЛАН ВО КАФУЛЕ Кај него е пронајдено оружјето со кое бил извршен нападот
Нема докази дека сторителот на кој било начин е поврзан со ситуацијата во Израел и на Блискиот Исток - изјави портпаролот на белгискиот сојузен обвинител, Ерик ван Дујзе.
Терористот кој го изврши вчерашниот напад во Брисел утрово бил застрелан во полициска акција, но според информациите што ги пренесуваат белгиските медиуми, тој преживеал и е реанимиран. Официјалните извори за белгиските медиуми потврдија дека се работи за терорист кој вчера уби две лица.
Се наведува дека бил застрелан од полицијата во градите, но е жив, пренесе БТА.
Според извештаите на медиумите, Абдесалем Л., роден на 1 септември 1978 година, мигрант од Тунис кој илегално престојувал во Белгија, бил пронајден во кафуле недалеку од домот во кој живеел во квартот Скарбек во главниот град.
Според локалните медиуми, тој престојува во Белгија од 2019 година и поднел барање за бегалска заштита.
– Во нападот што се случи синоќа во Брисел две лица загинаа, а едно е рането – потврди утринава пред новинарите портпаролот на белгискиот сојузен обвинител, Ерик ван Дујзе.
Двајцата убиени вчера биле шведски навивачи. Тие биле облечени во дресовите на шведската фудбалска репрезентација која синоќа играше против Белгија во квалификацискиот натпревар за ЕП 2024, но натпреварот беше прекинат на полувремето поради нападот. Tретиот ранет е шведски државјанин и тој е во тешка состојба во болница.
Портпаролот Ерик ван Дујзе рече дека нема докази дека сторителот на кој било начин е поврзан со ситуацијата во Израел и на Блискиот Исток.
За белгиските медиуми е потврдено дека во полициската акција утринава бил застрелан маж осомничен за убиство на двајца шведски навивачи во вчерашниот напад.
„Маж е застрелан во кафуле во Скарбек, но според последните информации тој е реанимиран и е пренесен во локална болница“ – објави весникот Де Морген.
Оружјето употребено во вчерашниот напад било пронајдено покрај напаѓачот кој бил застрелан во градите.
На Твитер е објавено видео од полицијата акција во која е застрелан напаѓачот.
#WATCH: The terrorist was shot by Brussels police in a cafe in Schaarbeek close to his last known residence this morning. The weapon he used in the attack was found with him#Brussels #BrusselsAttack #BrusselsTerrorAttack #brusselsUnderAttack #USA #ISIS #Terrorist #ISISterrorist pic.twitter.com/Dw1sO7rVVs
— Nitesh rathore (@niteshr813) October 17, 2023