НАПАЃАЧИТЕ ИДЕНТИФИКУВАНИ, СЛЕДУВА ПРИЈАВА Османи го осуди нападот врз Бугаринот во Охрид
Барам институциите да ги преземат сите мерки за одговорност на лицата кои извршиле физички напад поради етнички, културен идентитет на кој било државјанин на Република Северна Македонија – рече Османи.
Министерот Бујар Османи го осуди синоќешниот напад на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид. Тој побара од институциите да го расчистат случајот.
– Јас од вчера се занимавам со ова прашање и сум во комуникација со сите институции. Утринава имав можност да имам телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Република Бугарија. Сакам оваа можност да ја искористам и остро да го осудам овој напад и да побарам институциите да ги преземат сите мерки за одговорност на лицата кои извршиле физички напад поради етнички, културен идентитет на кој било државјанин на Република Северна Македонија. Колку што сум информиран, напаѓачите се веќе идентификувани и се работи за да се изведат пред лицето на правдата – рече Османи.
Претходно бугарското МНР најави дека ќе врачи протестна нота до Македонија поради овој инцидент.