Големите холивудски ѕвезди се дома додека трае пандемијата, а дека не им е лесно да ја поднесат изолацијата од општеството докажува 51-годишната актерка Наоми Вотс.
Таа на социјалните мрежи сподели видео на кое се гледа како доживеала мал нервен слом откако во ист ден и се расипале печатачот, машината за садови и правосмукалката.
– Карантин. Кога во ист ден ќе ви се расипат машината за садови, печатачот и правосмукалката – напишала актерката на успорената снимка ма која вреска колку што ја држи гласот.
View this post on Instagram