Светскиот супермодел Наоми Кемпбел повторно го „пресече“ светот и покажа дека е неприкосновена, дури и на 50-годишна возраст, кога позираше за насловната страница на списнието „ај-Ди“ во Кенија.
Британската манекенка се соблече топлес за потребите на снимањето на едиторијалот и покажа дека изгледа совршено и мошне младешки.
Таканаречената „Црна пантерка“, која влезе во светот на модата на 15-годишна возраст, сепак изгледа одлично за нејзината возраст, па многу жени ширум светот можат да и завидат на нејзиното убаво тело и убавото лице, а сите велат дека е минимум 10 години помлада.
Таа сега позира за списанието „ај-Ди“ во Кенија, па рече:
– „Кога ќе ги видите овие фотографии, се надевам дека ќе видите дека Кенија е убава, дека Африка е убава.“
– „Мислам дека луѓето сега навистина ќе го отворат умот и ќе почнат да сфаќаат дека вистинската убавина е во Африка. Има толку скапоцени камења, толку многу скриени тајни. Доаѓам тука од 1994 година и сè уште ги откривам работите.“
– „Горда сум што сум дел од снимањето со млади креативци, кои се, сите, со моја боја на кожата.“
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм