Откако пандемијата на коронавирусот еден ден ќе се заврши, 49-годишната Наоми Кембел тврди дека светот веќе нема да биде ист. „Црната пантера“ веќе извесно време е во самоизолација, користејќи го тоа време да работи на себе и тврди дека многу луѓе сега живеат во страв.
Во разговор за „Access Hollywood“ славната манекенка рекла:
– Можеме да го искористиме ова време да погледнеме во себе и да работиме на подобрата верзија од себе. Не можеме од сето ова да излеземе како ништо да не било, мораме се да промениме – вели славната манекенка.
Коронавирусот таа го опишува како ѕвер од кого од ден во ден учиме нешто ново.
– Во страв сме, и тоа е нормално да сме во страв. Имаме нешто со што не сме запознаени. Учиме сѐ за овој ѕвер и мораме да научиме сѐ за него, бидејќи тоа е единствено важно сега. Секојдневно учиме и мораме да му се заблагодариме на Господ, но и на лекарите и медицинските сестри, вработените во хотелите и доставувачите, Бог да ги благослови – рекла Наоми.
Нејзината борба со вирусите и бактериите, како и стравот од нив, одамна се познати, како и нејзиното одење по аеродроми со заштитна маска за лице и ракавици, што до неодамна беше помалку чудно да се види. Сето тоа го научила во Јапонија кога таму работела како манекенка.
– Начинот на кој го живеам својот живот, носам маска, нешто што го правам повеќе од 17 години, тоа го научив додека живеев и работев во Јапонија. Не можеме да живееме и да жалиме што сѐ не сме направиле, сега сме тука каде што сме и мораме да направиме сѐ што знаеме и можеме да спасиме животи – порачала Наоми.
FOTO: Instagram/Printskrin