Наоми Кембел – никогаш посреќна
Неодамна, Наоми соопшти дека станала мајка на 50 години, но сѐ уште не се знае дали била бремена, дали ја посвоила ќерката или таа е родена од сурогат мајка.
Светски познатата манекенка Наоми Кембел изрази огромна благодарност за љубовта и пораките на поддршка изразени од фановите кон неа и кон нејзината ќерка.
Неодамна, Наоми соопшти дека станала мајка на 50 години, но сѐ уште не се знае дали била бремена, дали ја посвоила ќерката или таа е родена од сурогат мајка.
„Никогаш не сум почувствувала толку многу љубов како во последните неколку недели. Многу сум благодарна за љубовта што ја искажавте за мојата ќерка. Ви благодарам за сите топли пораки на поддршка и роденденски желби. Наспроти предизвикувачката година за сите нас, имаше толку многу благослови за кои сум многу благодарна. Со божја волја сме речиси пред светлото на крајот од тунелот“, напиша Наоми на Инстаграм објавувајќи фотографија на која позира покрај бројни букети.
View this post on Instagram