НАМЕСТО ЗА 3 МЕСЕЦИ, ЗА 2 НЕДЕЛИ ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА БЕСПЛАТНО ИН-ВИТРО Фондот за здравство ќе плаќа до 6 обиди за вештачко оплодување

Сè поголем број на брачни парови и поединци имаат проблеми при зачнување. Во минатата година имало 1.495 барања за ин-витро оплодување, од кои 1.280 за прво дете, 195 за второ, 15 за трето дете и 5 за четврто дете. Постапките се извршуваат во 8 здравствени установи во земјава.

472

Наместо три обиди како досега, Фондот за здравствено осигурување ќе овозможи шест обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување, попознато како ин-витро оплодување, соопштија денеска директорите на фондот, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов.

Ова се овозможува со законските измени кои беа усвоени на 10 јули. Дополнително, новина е и тоа што ќе се скрати времето на одлучување од 3 месеци на само 2 недели.






– Измените предвидуваат вклучување на би омедицинско потпомогнато оплодувањево основниот пакет на здравствени услуги, зголемување на 6 наместо 3 обиди на товар на Фондот и усогласување на ослободувањето од партиципација. Фондот го дигитализираше процесот во оваа фаза кон барателите, вклучувајќи го ваучерот за биомедицинско потпомогнато оплодување, но и поедностави дел од адиминистратицниот процес – рече Клековски.

Според Фондот за здравствено осигурување, сè поголем број на брачни парови и поединци имаат проблеми при зачнување. Во минатата година имало 1.495 барања за ин-витро оплодување, од кои 1.280 за прво дете, 195 за второ, 15 за трето дете и 5 за четврто дете. Постапките се извршуваат во 8 здравствени установи во земјава.

Следниот чекор ќе биде финансиска поддршка на криопрезервација, односно замрзнување на јајце-клетки за идна употреба. Клиниката за гинекологија ќе добие поддршка во создавањето национална банка за репродуктивен материјал (јајце-клетки и сперма), за зголемување на пристапноста до репродуктивни третмани.

Денеска од Фондот соопштија и дека се напушта досегашната форма на управување со двајца генерални директори. Се враќа стариоот модел со генерален директор и негов заменик.

Поврзани содржини