Наместо во самоизолација битолчани предизвикале тепачка, сега ќе платат глоба од по 2.000 евра

Вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

989

Основното јавно обвинителство Битола соопшти дека поднесе предлог за издавање казнен налог за пет лица, членови на семејство кои биле во самоизолација, но не се придржувале кон мерката што е казниво според член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти обвинителството, на обвинетите им била определена мерка за спроведување на задолжителна домашна изолација во траење од 14 дена по нивното пристигнување од Италија.






– Тие биле должни согласно издадените решенија од надлежните органи во периодот од 14.03.2020 година до 27.03.2020 година да бидат во домашна изолација и да не го напуштаат своето престојувалиште во Битола. На 18.03.2020 година, околу 12.00 часот, излегле од својот дом на улицата пред семејната куќа, вербално се расправале со соседите, по што двајца од обвинетите физички ги нападнале соседите и им нанеле телесни повреди. Со овие дејствија сите обвинети не постапиле по донесените прописи за време на пандемија-епидемија од глобални размери со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на епидемијата на заразната болест предизвикана од коронавирус -COVID 19- соопшти обвинителството.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола го поднесе предлог за издавање казнен налог, со кој на Основниот суд Битола предложи на обвинетите да им изрече 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

Поврзани содржини