„НАМЕСТО ВО ПАРТИЈА, ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА СЕ НАЈДЕ ПРЕД СУД“ Лефков вели дека Заев и Венко ќе го притискаат Обвинителството да не отвора постапки против нив

Филипче и Заев се прочитана книга, со нив СДСМ на следните избори е многу блиску да стане вонпарламентарна партија - рече Лефков.

580

Венко Филипче доаѓа за претседател на СДСМ поставен од Зоран Заев, со цел и двајцата да го притискаат Обвинителството да не отвора постапки против нив, а ако во тоа не успеат, да се жалат дека се гонети како последица на политички притисок, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

– Венко Филипче е брат по криминал и корупција на Зоран Заев. Тој заедно со Заев бркаа дебели провизии за кинеските вакцини во ек на Ковид. Филипче преку фирмата „Стабри Интернешенал“ од Хонг Конг формирана само три месеци откако СДСМ дошле на власт во 2017 година сакаа да купат вакцини повеќе од 100% поскапо од тоа што го плаќаа другите држави. Додека другите држави купуваа кинески вакцини по најмногу 30 долари, Филипче сакаше преку посредничка фирма да плати 62 долари, што е најмалку 100% повеќе. Овој скандал го обелодени ВМРО-ДПМНЕ, а обвинителството на Заев го заташка и не го истражи. Од 200.000 вакцини, Филипче и Заев на фирмата посредник ѝ местеле над 6 милиони евра провизија. Каде требало да завршат овие 6 милиони евра? Дали Заев и Филипче се тие кои стоеле на крајот на криминалната шема? Колку матни тендери се изреализирани и колку милиони испумпани од државата? – праша Лефков.






Според него, Филипче доаѓа за претседател на СДСМ поставен од Заев, со цел и двајцата да го притискаат Обвинителството да не отвора постапки против нив, а ако во тоа не успеат, да се жалат дека се гонети како последица на политички притисок.

– Филипче кој сакаше да го краде својот народ во ек на Ковид додека илјадници умираа и страдаа, нема најпрвин морална величина да биде претседател на партија, а потоа наместо во партија, треба да се најде пред суд. Филипче само сака да се заштити себе, а потоа и повторно некогаш да дојде во позиција да го краде народот. Филипче и Заев се прочитана книга, со нив СДСМ на следните избори е многу блиску да стане вонпарламентарна партија – рече Лефков.

 

Поврзани содржини